Возбудувањата во фудбалската Лига на шампиони продолжува и денеска со нови седум натпревари.
На програмата се дуелите од шестото коло, кое може многу да реши за понатамошниот тек, односно пласманот на екипите во нокаут фазата.
Најголемо внимание секако ќе привлече натпреварот во Мадрид. На „Сантијаго Бернабеу“ Реал ќе го пречека англискиот Манчестер Сити. Шпанскиот тим со четирите досегашни победи е во горниот дел на табелата на екипи кои директно ви се пласирале во осминафиналето. Екипата на Манчестер Сити пак има една победа помалку и е на делба од 10 до 14 место. Затоа бодовите на овој меч се од голема важност да двата тима.
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас со својот Наполи ќе гостува во Португалија кај Бенфика. На гости во Белгија против Клуб Бриж ќе игра и Арсенал кој е единствениот со максимални пет победи, како и актуелниот шампион ПСЖ кој гостува во Билбао.
Овие натпревари ќе се играат во вечерниот термин од 21 часот.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 6 КОЛО
среда
КАРАБАХ – АЈАКС 18:45 час
ВИЉАРЕАЛ – ФК КОПЕНХАГЕН 18:45
РЕАЛ МАДРИД – МАНЧЕСТЕР СИТИ 21:00
АТЛЕТИК БИЛБАО – ПСЖ 21:00
БЕНФИКА – НАПОЛИ 21:00
КЛУБ БРИЖ – АРСЕНАЛ 21:00
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ЊУКАСЛ 21:00
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – БОДО/ГЛИМТ 21:00
ЈУВЕНТУС – ПАФОС 21:00




































