Ракометарите на Вардар, вчеравечер со победата над Тулуз ја заврши првата, групна, фаза во Европската лига.
Вардарци веќе ги знаеја противниците за втората рунда (1/16-финална), во која ќе играат нови четири натпревари. противници ќе бидат германскиот Мелсунген и португалската екипа на Бенфика.
Македонскиот вицешампион ќе започне и заврши со гостувања во Португалија и во Германија. Натпреварите од втората рунда ќе се играат во периодот од 17 февруари до 10 март.
Првопласираниот тим ќе обезбеди директен пласман во четвртфиналето, а второ и трето рангираните, ќе играат плеј-оф (осминафинале).
Во новоформираната група Мелсунген ќе стартува со 4 бодови, Вардар и Кристијанштад со по 2 бода, а Бенфика од нула (0).
Распоред на натпревари на Вардар
17.02 Бенфика – ВАРДАР
24.02 ВАРДАР – Мелсунген
03.03 ВАРДАР – Бенфика
10.03 Мелсунген – ВАРДАР




































