Одбојкарките на Јанта Волеј вечерва ќе го одиграат својот шести натпревар на европската сцена. Единствениот женски претставник на Македонија продолжува со настапи во ЦЕВ купот, откако ја заврши авантурата во Лигата на шампионите.

Тимот од Кисела Вода во 1/16 финалето ќе се соочи со хрватскиот гигант Младост Загреб.

Реваншот ќе се игра во Загреб, каде домашната екипа влегува со голема предност од првиот меч во Скопје. На дуелот во „Јане Сандански“ гостинките славеа убедливо со 0:3 во сетови. Сепак, Јанта Волеј не отпатува во Хрватска со „бело знаме“. Иако противникот е фаворит, избраничките на тренерот Јањевиќ најавуваат голема борба и максимална посветеност на теренот.

Натпреварот ќе започне во 20 часот, а македонскиот тим ќе се обиде да покаже дека има сила и карактер за достојно претставување на европската сцена.

Следете нé на социјалните мрежи