Последниот македонскиот претставник на европската машпка одбојкарска сцена Штип УГД ги дозна термините за одигрување на следните два натпревар.
Штипјани кои ја имаат својата дебитанска сезона, ја минаа првата рунда во ЦЕВ Челенџ купот. Освојуваќот на макеоднскиот Куп пред неполна седмица со убедливи 3:0 и преку „златен сет“ го елиминираше норвешки Кол Ил
Во втората, онаа од 1/16 финалето за противник ќе го имаат италијанскиот тим на Милано.
Според распоредот на ЦЕВ првите натпревари од 1/16 финалето се играат на почетокот на декември, односно периодот од 10 до 12 декември, додека реваншите се веднаш по Нова година односно 5 до 7 јануари.
Првиот меч македонскиот тим, ќе го игра на „домашен“ терен. Штип УГД на 10 декември (среда), во салата „25 Мај“ во Радовиш, од 19 часот, го почне дуелот со фаворитот. Реваншот во Италија, Штип УГД ќе го игра на Бадник, односно 6 јануари од 17:30 часот во „Центро Павеси“ во Милано.




































