Македонскиот кошаркарски вицепрвак во машка конкуренција ТФТ, четврти пат сезонава ќе игра во АБА2 лигата.

Тимот од скопската населба Тафталиџе, ќе гостува кај босанската екипа Широки Бриејг.

Двете екипи се во групата на деветте тима кои досега имаат „скор“ по две победи и еден пораз.

Избраниците на тренерот Боро Смилковски кои одлично ја почнаа сезоната, на последните три меча претрпеа два порази. Првиот беше од Хелиос на домашен терен во АБА2 лигата, а потоа во петокот, загубија од МЗТ Скопје во дербито од домашното првенство.

Денешниот противник Широк, е во низа од седум победи, а предноста на домашниот терен им ја дава улогата на фаворит.

Дуелот Широки Бриејг – ТФТ што ќе се игра во салата „Пецара“ ќе почне од 18 часот.