Во реприза на ланското финале, денеска ќе се игра првиот натпревар од машката кошаркарска Супер лига.
Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром е домаќин на вицепрвакот ТФТ во воведниот дуел од седмото коло.
Ова на натпревар на две досега не поразени екипи. Ова според постигнатите резултати на теренот, но МЗТ изгуби службени бодови со Ангели. Затоа, аеродромци се трети на табелата со „скор“ 5-1 како и второ рангираниот Куманово. Тимот на ТФТ пак е лидер со максимални шест победи. Дуелот се игра денеска бидејќи двата тима во текот на следната седмица ќе имаат и обврски во АБА2 лигата.
Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ ќе стартува од 19 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
Останатите натпревари од ова коло на програмата се викендов.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 7 КОЛО
Петок
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ 19.00 ч.
Сабота
МАЏАРИ – РАБОТНИЧКИ 15.00
АНГЕЛИ – ТИКВЕШ 17.30
ЧАИР – ГОСТИВАР 19.00
Недела
ФЕНИКС – КОЖУВ 18.30
КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР 19.00




































