Македонија денеска ќе игра контролен натпревар со Летонија, последен во Скопје за оваа година, за нашите најдобри фудбалери.
Атмосферата е на високо ниво. Сите кои ќе добијат можност да истрчаат на теренот, ќе го дадат максимумот потенцира Дарко Чурлинов.
„Се договаравме, играме како репрезентација и не постои и за нас пријателски натпревар.
Секој натпревар за Македонија е приоритет.
Атмосферата е супер, среќни сме што сме заедно и што добиваме шанса од селекторот да ја простуваме Македонија на ова ниво“, изјави Чурлинов.
Влезот на арената „Тодор Проевски за утрешниот дуел (18 часот) е слободен за сите љубители на фудбалот.
Ова ќе биде и тест за последниот мундијалски квалификациски натпревар против Велс што ќе се игра во Кардиф.





































