Македонскиот женски одбојкарки првак тимот на Јанта волеј вечерва ќе го има во својот четврти настап во Лигата на шампионките.
Тимот од скопска Кисела Вода, гостува во Франција кај екипата на Валеро Ле Кане во реванш дуелот од втората квалификациска рунда. Македонските шампионки ќе имаат тешка задача, да ја надополнат негативата од првиот меч во Скопје што го загубија со 1:3 во сетови.
Сепак составот на Јанта волеј, и во тој меч покажа дека може да се носи со фаворизираниот француски тим. Четвртиот „скопски сет“ Јанта волеј го доби со 25-20 со што потврди дека има капацитет да се надигрува со противникот. Доколку и денеска избраничките на Никола Јаневиќ, одиграат на истото ниво, може да се надеваат на изненадување.
Денешниот меч меѓу Валеро Ле Кане и Јанта волеј ќе почне од 20.30 часот, а ќе може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.




































