Богатата спортска среда со настапи на македонски екипи на европска сцена ќе ја дополнат две одбојкарски екипи во машка конкуренција.

Првакот Струмица по елиминацијата во Лигата на шампионите, продолжува со настапи во ЦЕВ купот. Тие во третата рунда на ова натпреварување за противник ја имаат чешката екипа Чешке Будејовице.

Денешниот прв меч ќе се игра во терминот од 18 часот. Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ. Реваншот во Струмица е закажан за 19 ноември.

А, освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД ќе го имаат своето дерби на европската сцена. Штипјани настапуваат во ЦЕВ Купот во кој за противник ќе го има норвешкиот Кол ИЛ од Осло.

Првиот меч (денеска) се игра во терминот од 19 часот, а реваншот по седум дена (19 ноември) во Радовиш.

Следете нé на социјалните мрежи