Македонските претставници во на европската сцена во машка конкуренција Струмица и Штип УГД претрпеа порази.

Македонскиот шампион Струмица загуби со 0:3 на гостувањето во Чешка, кај Јихпострој Чепке Будејовце во првиот натпревар од првата рунда ЦЕВ Купот. По сетови резултатот гласеше 25-18, 25-12 и 26-24.

Најефикасен во редовите на нашиот претставник беше средниот блокер Филип Маџунков со 10 поени. Младиот Јован Милев запиша девет поени, додека Владо Милев и Кристијан Илијев освоија по шест. Реваншот се игра на 19 ноември во 19 часот во салата “Парк” во Струмица.

И освојувачот на македонскиот куп, тимот на Штип УГД претрпе пораз во своето европско деби. Штипјани се совладани на гостувањето во Осло кај норвешкиот Кол ИЛ со 3:0. Во првиот сет се водеше голема борба, а беа потребни дури 37 поени, Сетот го добија домаќините со 35-32. Во вториот сет штипјани беа подобри со 22-25. Во третиот сет домашниот тим беше убедлив и го доби со 25-18. Во четвртиот иако домашниот тим имаше и пет поени предност, штипјани не се откажаа. Успеаја да ја анулираат негативата, па дури и да поведат. По голема борба во финишот, сетот го доби противникот со 25-23, за конечни 3:1.

Реваншот е по по седум дена (19 ноември), а ќе се игра во Радовиш.

Следете нé на социјалните мрежи