Македонската фудбалска репрезентација, во наредните шест дена ќе одигра два натпревари.
Првиот од пријателски (контролен) карактер е против Летонија веќе утре во Скопје. Вториот е оној од последната рунда во квалификациите за СП 2026 против Велс во Кардиф.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски веќе одработуваат мини подготовки, а во позитивна атмосфера ги чекаат овие натпревари.
Што се однесува до натпреварот со со Летонија немаа потреба било што калкулираме или да се штедиме, затоа што имавме пет дена одмор до вториот натпревар со Велс.
Секогаш кога игра Македонија нема калкулирање или штедење. Било кои да бидат во тимот мора и да се стават во функција тимот и да го дадат максимум. Ќе се потрудиме да извлечеме што е можно повеќе, тактички и на физички планот од натпревар со Летонија. Треба првенствено да видиме како физички стоиме и тоа ќе биде примарна цел на утрешниот натпревар.
Секако дека резултатот секогаш е примарна цел, но и други работи преку кои сакам да видам на кое ниво сме и до каде сме“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Утрешниот меч со Летонија ќе биде последниот домашен терен годинава за македонските фудбалери. Затоа ФФМ реши ширум да ги отвори вратите на арената „Тодор Проевски“ каде влезот ќе биде слободен.
Натпреварот Македонија – Летонија што ќе се игра утре, ќе почне од 18 часот. Дуелот со Велс ќе се игра на 18 ноември од 20.45 часот






































