Одбојкарките на Работнички попладнево во Естонија го одиграа првиот меч од квалификациите во ЦЕВ Челенџ купот.

На гостински терен кај составот на Рае Спортдикол Властон, тимот на Работнички беше совладан со 0:3.

Почеток на мечот беше рамноправен само до 4-4, по што следуваше серија на противникот од 1-7. Естонската екипа ја наметна својата игра и го доби првиот сет со 15-25. Иако вториот сет полна налик на првиот, сепак одбојкарките на Работнички одиграа максимално борбено. Успеаја да надополнат четири негатива о да се вратат во игра за сетот, кој сепак го доби противникот на разлика со 24-26. Иако и во третиот сет се водеше голема борба за секој поен, тоа траеше само до средината на сетот. Домашниот тим во продолжението со неколку серии го доби сетот со 18-25, а мечот со 1:3.

Реванш натпреварот ќе се игра веќе утре на истиот терен.

Утре својот реванш дуел во истата фаза на ова натпреварување ќе го играат и одбојкарките на Накповски волеј. Тие пред својата публика во Струмица ќе треба имаат тешка задача да надополнат трои сета негатива од првиот меч против екипата на  Острова.

Следете нé на социјалните мрежи