Одбојкарките шампиони на Македонија во двете конкуренции, Јанта волеј кад дамите и Струмица кај мажите ја почнуваат европската сезона.
Денеска во СЦ „Јане Сандански“ македонските прваци ќе ги играат првите натпревари во Лигата на шампионите.
Први на теренот ќе истрчаат одбојкарите на Струмица. Тие четврта година во низа се дел од ова натпреварување, но првакот доби тешка задача. Во првата рунда за противник го има романски клуб Динамо Букурешт.
„Динамо Букурешт е фаворит, но токму таквата позиција на противникот е мотив повеќе за нас за докажување“, изјави Кристијан Илиев.
Натпреварот меѓу Струмица о Динамо Букурешт ќе почне од 17 чаасот.
Три часа подоцна од 20, на терен ќе бидат шампионките на Јанта волеј. Тие ќе го имаат своето деби во елитното натпреварување. Тимот од Кисела Вода за противник ќе ја има босанската екипа Гацко.
„Самото учествово Лигата на шампионите е голем успех за нас. Испишуваме историја. Радува нивото кое го достигнавме со клубот во овој момент. Девојките се одлично расположени, сплотени сме, работиме сериозно и посветено. Помлада екипа сме, но тоа го гледам како предност која носи енергија и со мотивиран пристап се надевам на еден добиен сет, а зошто да не и меч“, вели капитенката Тамара Тасевска.
Инаку двата клуба решија ширум да ги отворат вратите на СЦ „Јане Сандански“ па влезот за двата натпревари е слободен.


































