Неделните локални избори го одложија целото трето коло во машката кошаркарска Супер лига. Така од денеска, па се до петок, ќе се играат натпреварите од ова рунда.
Таа ќе биде отворена со три натпревари вечерва. Програмата ќе почне во Гевгелија каде Кожув ќе го пречека составот на Гостивар. Во истиот термин (18 часот) во СЦ „Кале“ Работнички во дуелот со Тиквеш ќе се обиде да ја впише првата сезонска победа. И составот на Чаир сеуште се нема израдувано, а ќе има тешка задача да го стоти тоа бидејќи го пречекува тимот на ТФТ кој игра во добра форма.
За утре во Куманово кај истоимената домашна екипа закажано се гостувањето на скопски Феникс. последните два натпревари ќе се играат во петок, поради обврските на МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер на меѓународната сцена.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 3 КОЛО
Вторник
КОЖУВ – ГОСТИВАР 18:00 ч.
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 18:00
ЧАИР – ТФТ 19:30
Среда
КУМАНОВО – ФЕНИКС 20:00
Петок
АНГЕЛИ – МЗТ СКОПЈЕ А. 18:00
ПЕЛИСТЕР – МАЏАРИ 19:00


































