Репрезентациите на Германија и Франција дојдоа до очекувани триумфи во квалификациите за Светското првенство. Германија со 4:0 против Луксембург, а Франција со 3:0 триумфираше над Азербејџан.

Германците доминираа цел натпревар и со головите на Давид Раум во 12.та и Кимих од пенал во 21.та заминаа на полувреме со 2:0. Во второто полувреме за 3:0 стрелаше Гнабри во 48.та минута и за 4:0 повторно Кимих во 50.та минута.

Франција пак можеби потешко од очекувањата дојде до триумф од 3:0 против Азербејџан. Резултатот го отвори Мбапе во судиското продолжение во првиот дел, а во второто полувреме стрелаа Рабиот во 69.та минута и Таувин во 84.та минута.

На останатите натпревари резултатите гласеа:
Исланд-Украина 3:5;
Косово-Словенија 0:0;
Северна Ирска-Словачка 2:0;
Шведска-Швајцарија 0:2.

Следете нé на социјалните мрежи