Македонските претставници во ЕХФ Европскиот куп за ракометарки, Металург, Куманово и Чаир викендов ги играат натпревари од второто коло.
Металург Автокоманда, ќе ги игра двата натпревари против Диферданж од Луксембург и тоа во Скопје во салата „Автокоманда“, со почеток од 15:00 часот. Со тоа тимот ќе има предност да го реши двомечот на домашен терен, пред својата публика, и да обезбеди пласман во следната рунда.
Натпреварот ќе го суди судиската двојка Огњен Даниловиќ и Себастијан Каран, додека делегатот е од Кипар – Сотирис Константину.
Куманово и Чаирп пак ќе ги играат реванш натпреварите во кои ќе треба да надополнет негатива.
Кумановки вечерва од 19:00 часот ќе го пречекаат литванскиот тим Каскада Гарлиава. На првиот меч одигран во Литванија, нашиот тим беше поразен со 32:25 и сега ќе се обиде да надополни негативата.
Во истиот термин во СЦ “Јане Сандански“ тимот на Чаир ќе игра против екипата на Ајдовчина. На првиот меч во Словенија, чаирчанки загубија со три гола разлика (24:27). И овој натпревар ќе се игра во терминот од 19 часот.
Потсетување дека шампионот Ѓорче Петров исто така ќе игра во ова натпреварување, но ќе стартува од следната, трета рунда.
Ивона Кимовска