Македонската репрезентација до 18 години минимално, со 1:0, загуби од врсниците на Словачка на вториот контролен натпревар одигран во Дунајска Стреда.

Во првото полувреме не успевме да најдеме решение за дефанзивниот блок на противникот. Создадовме две полуприлики, но ударите на Буцевски во 42. и 44. минута не беа прецизни.

Погодокот за победа на домаќините го постигна Давид Полтај во 57-мата минута. По водечкиот гол на Словачка во вториот дел, се обидовме преку Ѓорѓиев и Марковски, но без реализација.

Најубавата шанса за израмнување ја пропушти Сејменов на две минути пред крајот кога излезе сам пред домашниот голман, но не успеа да постигне гол за позитивен резултат.

Следете нé на социјалните мрежи