Во машката ракометна Супер лига денеска ќе се одиграат пет натпревари од четвртото коло.
Оваа рунда ќе биде одбележана, а воедно и затворена со натпреварот во Кавадарци. Таму ракометарите на Тиквеш во ќе го пречекаат скопски Вардар.
Иако вардарци се единствените кои досега имаат максимален ефект, сепак во моментов второ пласираниот на табелата. Ова откако вчера шампионот Еурофарм Пелистер славеше очекувано висока победа во дуелот со Струга. Битолчани со натпревар повеќе имаат бод повеќе од Вардар.
Тимот на Тиквеш е деветти на табелата со само една победа и два порази. Кавадарчани неочекувано почнаа со пораз од Пролет, а потоа и Алкалоид, за во претходното коло да ја совладаат Струга. За нив денешниот, но и следните два натпревари со Охрид и Е.Пелистер ќе бидат вистинска проверка за натпреварот во Европскиот куп со Бешикташ.
Мотив за триумф во двата тима за денешното дерби секако има, а како ќе изгледа тоа на теренот, останува да видиме. Дуелот Тиквеш – Вардар ќе почне од 20 часот, а ќе може да го следите ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.
Претходно ќе стартуваат другите три натпревари.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 4 КОЛО
Сабота
РАДОВИШ – АЛКАЛОИД 18.00 ч
Е. ПЕЛИСТЕР 2 – ОХРИД 18.30 ч
ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ 18.00 ч
КУМАНОВО – БУТЕЛ 19.00 ч
ТИКВЕШ – ВАРДАР 20.00 ч
Петок
Е. ПЕЛИСТЕР – СТРУГА 45-24
































