Репрезентација на Македонија одигра пријателски натпревар со Саудиска Арабија во Прага и загуби со 1:2.
Селекторот Благоја Милевски веднаш по натпреварот даде и анализа на пријателскиот меч.
„Има многу моменти од кои сум задоволен, особено затоа што експериментираме со составот.
Добивме уште двајца играчи кои ќе ја засилат конкуренцијата во тимот. Веќе нагласив дека натпреварот со Лихтенштајн е од големо значење за нас, а сè останато служи како подготовка.
Одигравме квалитетен меч против силен противник и навистина ми е задоволство што работам со вакви фудбалери. Сите се адаптираат на новата формација и задачите.
Против Лихтенштајн ќе бидеме максимално мотивирани, како што сме на секој натпревар“, изјави селекторот Милевски.
Нашиот национален тим сега го очекува квалификациски дуел против Лихтенштајн в недела (18 часот) на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, во петтото коло од квалификациите за Светското првенство.