Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ќе патува за Прага каде утре ќе го одигра пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија. 

Тоа ќе биде „генерална проба“ за мундијалскиот квалификациски натпревар против Лихтенштајн во сабота во Скопје.

„Првиот натпревар против Саудиска Арабија мислам дека ќе биде одлична можност да видиме во каква форма сме. Кога Доаѓаме за настап во репрезентацијата сите доаѓаме со посебен мотив и желба, го даваме и последниот атом од силата. Мора да се фокусираме на мечот во Прага, а потоа со Лихтенштајн.

Фаворити сме на хартија, но тоа во денешниот фудбал не важи. Кога однапред ќе ги запишете трите бодови тоа никогаш не е добро. Треба да влеземе како и на сите останати мечеви, ние како група и овој стручен штаб никогаш не сме потцениле никого, така ќе биде и овој пат. Трите бодови ни се и повеќе од неопходни.

Нов клуб, нова средина, нови почетоци. Исто како што и тука го давам максимумот, го давам и во клубот. Се надевам дека новото поглавје во мојата кариера ќе биде поуспешно од тоа што било претходно“, изјави Никола Серафимов. 

Утрешниот дуел Македонија – Саудиска Арабија ќе се игра во терминот од 17 часот. Натпреварот ќе може да го гледате ВО ЖИВО овде и низ тв пренос на МРТ1

Следете нé на социјалните мрежи