Македонската фудбалска репрезентација (21 година) на Македонија, се подготвува за новиот квалификациски циклус за ЕП 2027.
Македонија ќе почне со гостување во Полска на 5. септември, а потоа на 9. септември во Битола ќе ја пречекаме Италија.
Фудбалерите на Горан Станиќ во првите две кола ќе се соочат со фаворитите во групата, што за нас е само дополнителна мотивација. Младите надежи на стадионот „Борис Трајковски“ го одработија првиот тренинг.
„Нормално е да се надеваме на големи работи и борба за првите места на табелата. Имаме голем предизвик пред себе, играме против две многу сериозни и квалитетни репрезентации, Полска и Италија.
Ние, од друга страна, како генерација имаме многу квалитет и голем мотив да одиграме најдобро.
Одлично се подготвуваме и секогаш сме среќни кога сме дел од националниот тим, што е многу важно за тимскиот дух. На тренинзите и на натпреварите се чувствува сплотеност и желба, а тоа многу значи. Одиме да се надигруваме со сите, одиме да победуваме и да им донесеме радост на навивачите“, изјави Матеј Гаштаров.