Македонскиот првак Љуботен со два убедливи порази го заврпи вториот квалификациски турнир за Лигата на шампионките.

На турнирот во Белгија, тетовската екипа два пати беше поразена си 5-0. Прво во полуфиналето од шведскиот претставник Розенгард , а денеска во дуелот за 3.место од босанскиот тим на Сараево.

Со тоа Љуботен го заврши својот настап на европската сцена по четири одиграни натпревари. Воедно тетовки пропуштија можност да се квалификува во новоформираното натпреварување на УЕФА – Европа купот.

Следете нé на социјалните мрежи