Макеоднскиот шампион тетовска Шкендија не успеа да обезбеди пласман во групната фаза на Лигата на Европа.

Ова откако во реванш дуелот од плеј-фот на гости во Бугарија тимот на Шкендија загуби од Лудогорец со 4-1 по продолженија (2-1). Тетовци не успеаја да ја сочуваат предноста од првиот меч во Скопје кога славеа со 2-1.

Многу рано уште во 9.минута бугарскиот тим ја анулира негативата. Со одличен удар од далечина Едвин Куртулус погоди за 1-0 за Лудогорец. Веќе во 13-тата минута тетовци имаа среќа бидејќи ударот на Видал заврши во стативата од голот на Гаје. Затоа веќе во 22.минута веќе беше 2-0, а стрелец беше Ивајло Чочлев.

Во вториот дел Шкендија успеа да се врати во игра откако во 64.минута Тамва намали на 2-1.

Домашниот тим постојано се обидуваше одново да ја врати предноста од два гола, но резултатот остана непроменет па си игра дополнителни триесет минути.

Во тек bеше 98.минита кога се Текпетеј успеа да погоди за 3-1 . Македонскиот шампион фрли се нa една карта и се обиде да стигне до втор гол. Сепак тоа се покажа како меч со две острици, па Лудогорец успеа да постигне и четврти погодок преку Ерик Били, и да обезбеди пласман во групната фаза на Лигата на Европа

Иако Шкендија не ја мина оваа рунда сепак тетовци остануваа на европската сцена и тоа во Конференциската лига во која им се гарантирани најмалку шест натпревари.

Кои ќе бидат противниците на Шкендија во груната фаза ќе дознаеме по утрешната ждрепка.

Следете нé на социјалните мрежи