Денеска стартува новата сезона во Втора македонска фудбалска лига (2МФЛ).
Изменетиот систем на натпреварување и кратењето на лигата за два тима помалку од наредната сезона, најавуваат дека сезонава ќе бие неизвесна.
Само за шампионот во 2МФЛ е гарантиран пласман во Првата лига, додека второ и третопласираните екипи ќе играат бараж. Втората лига директно ја напуштаат четири последно пласирани тимови. Екипите од 9 до 11 место играат бараж за опстанок во Втора МФЛ со прваците од Третите лиги.
Сите натпревари ќе се емитуваат во директен пренос на YouTube платформата на ФФМ.




































