Со убедлива победа против Грузија (3:0), најдобрите македонски одбојкари го заверија настапот на ЕП 2026 година.

За Македонија тоа ќе биде четврто Европско првенство во низа, по настапите во 2019, 2021 и 2023 година.

Ваквиот успех беше награден и од страна на државата. Министерството за спорт додели премија од три милиони денари.

„Ви благодариме за сè што правите за Македонија. Министерството за спорт секогаш ќе ги поддржува успешните федерации и успешните приказни во спортот.

Го прифативме предлогот на претседателот на ОФМ, Петар Јовановски, и за овој пласман репрезентацијата ќе добие премија во висина од три милиони денари – рече министерот Борко Ристовски, честитајќи им ја победата на одбојкарите.

Македонија на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Бугарија, Финска, Италија и Романија, оди како една од петте најдобри второпласирани селекции во квалификациите“, изјави министерот Борко Ристовски. 

ФОТО: ФБ ОФМ