Машката одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва ќе го игра последниот меч во квалификациите за Европското првенство 2026-та.
Во Скопје, македонските одбојкарки во мечот против Грузија ќе го ,,бркаат” четвртиот настап на континенталниот шампионат
Македонија е во „трка“ за место меѓу петте најдобро второпласирани селекции, кои исто така обезбедуваат настап на ЕвроВолеј 2026, заедно со седумте првопласирани екипи од групите од квалификациите. Конкуренти на Македонија се Австрија и Норвешка кои имаат ист ,,скор”, но послаб поен-количник.
На македонските одбојкари потребна им е максимална победа (3:0), со што помалку загубени поени. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски во мечот ќе влезат со голем мотив.
Но, она што е поважно е да добијат голема поддршка од трибините во СЦ ,,Борис Трајковски” каде ќе се игра мечот.
Затоа влезот во салата е слободен, вратите ширум отворени, па сите непречено може да ги бодриме нашите одбојкари на патот кон ново Европско првенство.
Мечот, Македонија – Грузија ќе почне во 20 часот.
Се гледаме во сала и ја бодриме Македонија 🇲🇰