Машката од одбојкарска репрезентација на Македонија ја пропушти првата шанса да обезбеди ново учество на Европското првенство. Двете пропуштени сет топки ја чинеа Македонија загубен бод и шанса уште денеска да го завери пласманот на континенталното првенство.
Во третиот меч од квалификациите за шампионатот во 2026-та, Македонија загуби на гостувањето во Атина од Грција со 0:3 во сетови.
Добро го отворија натпреварот и избраниците на селекторот Миленковски во повеќе наврати имаат три поени предност. Сепак противникот со неколку среќни поени успеваше да остане во игра на средината на светот и да победи со 13:11. Домаќините се разиграа во продолжението и го приведоа првиот сет во своја полза со 35-15.
Во вториот сет, рамноправноста на Македонија траеше кратко до 5-5. Грците со неколку серии по два-три поени се одлепија и создадоа доволна предност да го добијат сетот со убедливи 25-15.
Во третиот сет ние бевме оние кои повторно подобро почнаа. Имаа избраниците на Миленкоски и пет поени предност 10-5. Противникот успеа да фати приклучок, па самата завршница мина во игра поен за поен. Имаа две сет топки македонските одбојкари, но ги пропуштија, за Грците го добија сетот со 27-25.
Шансата за ново учество на Европскиот шампионат ќе ја бараме во последниот меч со Грузија закажан за 17 август во Скопје. Во него треба да славиме со максимални 3-0, но и да го чекаме настапот на Австрија и Норвешка, кои имаат ист скор како и Македонија.