Својот настап на меѓународната сцена има и кадетската машка селекција на Македонија.

Во рамките до „Б“ дивизијата на ЕП за кошаркари до 16 години во Скопје, Македонија денеска ќе игра против Словачка..

Четирите пораз на претходните натпревари, значеа и крај на надежите за евентуален пласман во четвртфиналето.

Сега избраниците на селекторот Нермин Пепиќ ќе мораат да борат за избегнување на последното место на табелата во „Б“ групата.

Словаците веќе остварија една победа над Кипар од кој нашите кадети загубија. Затоа математиката вели, за да се освои 5.место на Македонија потребна и е победа од најмалку 5 поени разлика. Постои дури и варијанта во круг на три селекции, Македонија да заврши како четврта.

Но, како ќе се одвиваат работите останува да видиме во натпреварот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе почна од 18.30 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи