По двата порази од Кипар и Ирска речиси на идентичен начин, машката кадетска селекција на Македонија денеска игра против Полска на ЕП во Скопје.

Во „Б“ дивизијата на шампионатот за кошаркари до 16 години, македонските надежи ќе мора да го поправат впечатокот.

Тоа ќе биде многу тешко да се стори во дуелот со денешниот противник Полска која досега одигра перфектно. Полјаците го добија двата свои натпревари со убедлива разлика и па затоа важат за фаворити.

Ќе мора да се надминат себеси избраниците на селекторот Пепиќ доколку сакаат конечно да се израдуваат на победа.

Тоа е и последната теоретска шанса, некако македонската кадетска селекција да дојде до второто место во групата и четвртфиналето. Пораз во спротивно би значел дефинитивен крај на сите надежи за тоа.

Дуелот Македонија – Полска што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе почне во 18.30 часот Натпреварот може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ (линк).

Следете нé на социјалните мрежи