Најдобрите македонски одбојкарки загубија со 0:3 (20:25, 26:28, 23:25) од Бугарија во вториот натпревар на меѓународниот меморијален турнир “Бранко Хаџииљоски – Чајка”.
Како и пред два дена така и денеска Македонија се надигруваме со противникот во текот на целиот натпревар, но немавме конкретен одговор во финишот на сетовите, особено во вториот во кој имавме и сет топка во два наврати.
Капитенот Никола Ѓоргиев освои 15 поени, Филип Савовски запиша 13, додека Александар Љафтов реализираше седум, а Костич имаше шест.
За македонските репрезентативци ова беше последна проверка на силата во пресрет на евро-квалифилациските дуели со Грција (13 август) и Грузија (17 август).
Фото: Фејсбук/ОФМ/Роберт Спасовски