Македонскиот првак Шкендија е поразен вод Карабаш во првиот меѓусебен натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

На натпреварот одигран вечерва во Скопје, шампионот на Азербејџан славеше минимално со 1:0.

Во 16-тата минута, Вебстер се обиде да му ја одземе топката на противникот, но го удри во нозете и направи прекршок. Судијата го прекина натпреварот и досуди прекршок. По прегледувањето на ВАР снимката, ја преиначи одлуката и покажа на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше Торал Бајрамов, па Карабах од 18.минута имаше водство од 0:1.

Тетовци во 26.минута имаа можност да стигнат до израмнување. По акцијата на Тамба, се обиде Красниќи, но неговиот удар беше изблокиран, само за корнер. Гостинскиот тим имаше повеќе од играта и во продолжението на првото полувреме, Создаде Карабах неколку шанси, но се закани и Шкендија, а резултатот сепак остана ист 0:1 за гостите

Во второто полувреме.

Тетовци се обидуваа со сите сили да стигнат до израмнување. Се обидоа во неколку наврати, но и гостите имаа свои можности. Најзрелата за гол Шкендија имаше во 84.минута кога Бесарт Ибраими шутираше во левата страна од голот, но голманот фантастично одбрани.

Резултатот остана не променет, па Шкендија на реваншот во Баку што ќе се игра следниот вторник (12 август) ќе стартува со гол негатива.