Одбојкарската репрезентација на Македонија со пораз од Швајцарија го почна турнирот ,,Бранко Хаџииљоски Чајка”. Иако вратите на СЦ ,,Борис Трајковски” беа ширум отворени, само мал број љубители на одбојката, дојдоа да ја бодрат репрезентацијата.

Гостите го отворија мечот со три врзани поени. Сепак, македонските одбојкарки брзо ги консолидира а редовите и ја презедоа играта во свои раце. Македонија имаше најголеми четири поени предност, а сетот го доби со два разлика 25-23.

Дека Швајцарија не е противник за потценување се покажа во вториот сет. Во него гостите постојано имаа контрола над резултатот, а го добија со 15-25 , за израмнување на 1:1.

Третиот сет, жолто-црвените го отворија подобро, но гостите успеаја да го свртат во своја полза. Тешко функционираше блокот, па Швајцарија поведе со четири разлика 12-16. Сепак, тоа не ги поколеба нашите одбојкари, кои успеаја прво д израмнат (17-17), а потоа и поведат (19-18). До крајот на светот се играше поен за поен, а тој сет заврши во полза на противникот на разлика 24-26, за водство на Швајцарија од 1:2.

И четвртиот сет мина налик на претходниот. И во него ние почнавме подобро, имавме и три предност. Но, не успеа македонските одбојкари да се одлепат, са Швајцарците ја анулираа негативата и израмнија на 11-11. До самиот финиш на сетот се играше поен за поен, по што гостите направија три разлика која се покажа недостижна за нашите одбојкари. Швајцарија го доби сетот со 23-25, а мечот со 1:3

Утре на вториот ден од турнирот ќе играат Швајцарија и Бугарија. Во четврток во последниот меч ќе се сретнат Македонија и Бугарија во терминот од 19 часот.

Потсетување дека овие мечеви се и последен тест за Македонија пред последните два евро-квалификациите натпревари со Грција и Грузија.