Македонскиот првак Шкендија вечерва во Букурешт ќе го игра реванш натпреварот против  ФСЦН (поранешна Стеауа).

Ова е дуел од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите. Во него тетовци ќе влезат со минимална предност од 1-0 остварена на првиот меч во Скопје.

Задачата за избраниците на Јетон Беќири нема да биде ни малку лесна.

,,Свесни сме за квалитетот на противникот и знаеме дека не очекува тежок меч. Мора да влеземе во натпреварот со размислување дека резултатот е 0-0. Победата од првиот меч не гарантира ништо,”, изјави тренерот на Шкендија.

Мотив во таборот на тетовската екипа секако има, но дали тоа ќе биде доволно останува да видиме.

Дуелот ќе се почне во терминот од 19.30 часот.