По еден ден пауза на јуниорскиот првенство за кошаркари до 18 години, во Белград, денеска продолжуваат натпреварите.

Сите шеснаесет репрезентации продолжуваат во разигрувањето односно осминафиналната рунда. Некои со амбиции за трофејот, а други како нашата репрезентација, со цел да се обезбеди опстанок во елитната „А“ дивизија.

Доколку македонските јуниори денеска успеат да се надминат себеси и да ја изненадат моќната Шпанија, тоа би било вистинска сензација. „Црвената фурија“ важи за апсолутен фаворит во дуелот со Македонија, но младите Шпанци тоа ќе мора да го потврдат на теренот.

Што велат математиките – како до опстанок во А дивизијата

Ова сигурно не е последна шанса за Македонија да ја оствари примарната цел, опстанок во елитата.

Поразените од денешните натпревари (осминафиналето), ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место. Победниците во тие дуели ќе обезбедат опстанок во „А“ дивизијата.

Но, поразените ќе имаат уште една шанса, во дуелите за пласман од 13 до 16 место. Оние кои ќе бидат поразени во овие натпревари, ќе го загубат „прволигашкиот“ статус, па догодина ќе играат во „Б“ дивизијата.

Денешниот натпревар Македонија – Шпанија ќе почне од 13.30 часот, а ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи