Кошаркарската репрезентација на Македонија (до 20 години) ќе игра за 17.место во Б дивизијата на ЕП во Тбилиси.

Во претпоследниот свој натпревар од шампионатот, македонските младинци славеа победа над Албанија со 84-74.

Израмнето се играше в првото полувреме во кое двете селекции добија по еден приод. Првиот му припадна на противникот со 16-20, а вториот на македонските младинци 22-20. На пауза, Албанија замина со два позитива (38-40).

Клучната предност избраниците на селекторот Горан Самарџиев ја направија во втората половина на третата четвртина по кој остварија десет поени предност (58-68). Знаеја како црвено-жолтите да ја сочуваат разликата па на крајот заслужено се радуваа на третата победа на првенството.

За македонските младинци останува уште дуелот против Словачка за 17.место во конечниот поредок.