Очекувано скопски Вардар се пласира во втората квалификациска рунда за Конференциската лига.
Вардарци на гостувањето во Сан Марино одиграа 2-2, но трите гола предност од Скопје беа преголеми за противникот.
Губеше, па водеше Вардар, а поведа испушти во судиското дополнение.
Домаќините поведоа со 1-0 во 10.миута со голот од пенал на Филипе. Тоа беше резултат и на крајот на по првото полувреме.
Во второто беа постигнати три гола.
Прво Мато од пенал во 59-тата израмни на 1-1. Во 84.минута Вардар поведе благодарение на автоголот на голманот Виван. Но, како постигнаа така и примија гол вардарци во 94-тата минута кога Јанкулов го изненади својот голман Талески.
Во следното второ квалификациско коло, Вардар ќе игра против екипата на Лозана. Првиот меч е закажан во Скопје на 24 јули, а седум дена подоцна следува гостувањето во Швајцарија.