Фудбалерите на Силекс ги чека тешка задача во реваншот од првата квалификациска рудна за Конференциската лига.

Кратовци ќе треба да надополнат три гола негатива од гостувањето во Црна Гора, каде загубија од тимот на Дечиќ Тузи (0-2).

Сепак, тренерот Александар Васоски смета дека тоа не е невозможно. 

„ Имаме негативен резултат, но мислам дека сме кадарни да го исфрлиме Дечиќ.

Имаме квалитетна екипа, сме знаеле во минатогодишното годишно првенство да додаваме
и по 3-4 голови на натпревар, зашто да не биде и на овој така.

Мислам дека доколку влеземе со добар фокус од потправа минута, имаме реални шанси да го исфрлиме Дечиќ  “, изјави Васоски.

Силекс реванш мечот со Дечиќ нема да го игра на својот терен во Кратово, туку во Скопје. Мечот ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, со почеток од 19 часот. 

Утре своите реванш дуели ќе ги играат и скопските Вардар и Работнички.