Последен натпреварувачки ден од првата фаза на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 20 години во Ереван.

Тој денеска го носи решавачкиот натпревар на македонската младинска репрезентација, која во рамките на Ц групата ќе игра против Данска.

Откако лошо, со два убедливи порази, го почнаа првенството, избраниците на селекторот Самарџиев врзаа две победи. Со нив остана во игра за освојување на една од четирите позиции што водат во осминафиналето. Македонија во моментот е петта со 6 бодови колку што пред нас имаат и Данска, Швајцарија и Холандија, а бод помалку има последната Грузија (5).

Затоа денешниот натпревар со Данците директно ќе решив, во најмала рака за освојување на четвртата позиција. Во зависност и од исходите од другите два натпревари, може да се случи да бидеме трети, па дури и втори.

Желбата за место во разигрувањето секако постои, мотив има, па останува да се спроведе на терен замислената тактика, надополнета со борбеност.

Ќе донесе ли сето тоа резултат ќе видиме во натпреварот што ќе почне од 16.30 часот.