Македонскиот шампион Шкендија вечерва ќе го пречека велшкиот претставник ТНС. Тоа ќе биде во реванш дуелот од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

По велшките 0:0, шансата за пласман во наредната фаза ја гледаат двете екипи. Сепак тетовци ќе ја имаат и поддршката од своите навивачи, што им дава и одредена предност.

Победата на арената „Тодор Проески“ во Скопје е императив за избраниците на тренерот Јетон Беќири. Сепак, тие ќе мора да најдат вистинска рамнотежа меѓу офанзивата и внимателната игра во одбраната.

Судиска екипа доаѓа од Казахстан, а е предводена од главниот арбитар Сајат Карабаев.

Натпреварот Шкендија – ТНС започнува во 20 часот, а директен телевизиски пренос може да гледате на МРТ3 (овде).

Следете нé на социјалните мрежи