По еднодневна пауза, денеска продолжуваат натпреварите на Европското првенство за ракометарки до 19 години, што се одржува во Подгорица, Црна Гора.

Македонската репрезентација, која претрпе три порази во првата фаза, во втората ќе разигрува за пласман од 12 до 24 место.

Избраничките на селекторот Симе Симевски ќе одиграат нови два натпревари во рамките на „Ј“ групата. Во неа црвен-жолтите заедно со денешниот противник Литванија ќе почнат без бодови (0). И Литванките во првата рунда забележаа три порази, па денешниот меч може да биде добра шанса за прва радост на македонските младинки.

Дуелот Македонија – Литванија ќе се игра во терминот од 14.30 часот.

Во вториот натпревар од оваа група, играат Полска и Исланд кои пренесоа по два бода.

Следете нé на социјалните мрежи