Машката кадетска репрезентација на Македонија забележа пораз и на вториот контролен меч против селекцијата на Црна Гора.
Црногорците ја имаа предноста, практично од првата до последната минута на дуелот во СРЦ „Кале“, и потврдија дека во овој момент се подобра селекција од нашата со 62:75.
Гостите од Црна Гора брзо стигнаа до почетна предност на втората „контрола“. Во седмата минута веќе имаа високи (22:9), а до крајот на првата четвртина нашите кадети намалија на (16:26).
Во средината на вториот период, Македонија намали на (24:31). Но слично како и на првата средба, Црногорците лесно одговорија. За кратко време ја вратија предноста на високи (38:24), а на полувремето, гостите водеа со (39:26).
Без особени промени во играта и резултатот се играше и во продолжението. Имавме проблеми со реализацијата, што противникот знаеше да го казнува и својата предност да ја зголеми на плус од 20 поени (50:30). Со серијата од (11-6), нашите кадети намалија на на 41:56.
Во средишниот дел од последната четвртина, Македонија се доближи и на 50:62, но нашите млади кошаркари не го направија оној следен чекор. Кадетите на Црна Гора уште еднаш се одбранија, поведоа со (70:53) на нешто повеќе од две минути до крајот.
Чучанов со 16 поени беше најефикасниот во нашата селекција, двоен број на поени имаа и Сотир 14 и Гиновски 12 .
За нашата селекција претстои втор дел од подготовките за настап на ЕП од Дивизијата „Б“ кое од 7 до 16 август ќе се игра во Скопје.