Младинската машка репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години денеска го почнува настапот на Евробаскетот.
Избраниците на селекторот Горан Самарџиев се во Ереван, Грузија каде ќе играат во Б дивизијата на Европското првенство.
Македонија е во групата Ц во која за противници редоследно ќе ги има: Холандија, Австрија и Грузија. Во оваа конкуренција, прва цел е секако да се освои едно од двете места што водат во четвртфиналето.
Прв противник денеска е селекцијата на Австрија против која ќе играме во утринскиот термин од 10.30 часот.
Овој, како и сите останати натпревари, ќе може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.




































