Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија претрпе пораз вечерва во дуелот со европскиот првак Унгарија во првото коло на Европското првенство. Унгарките славеа со 38:21, полувреме 16:11.

Европскиот шампион Унгарија почна сигурно и поведе со 4:0, а кон средина на првиот дел беше 12:5. Во второто полувреме по десетина минути игра Унгарките имаа и двоцифрена предност со 25:15, а во финишот на натпреварот со серија од 8:1 стигнаа и до конечните 38:21.

Најефикасна на дуелот беше Вирај Фазекаш од Унгарија со 9 голови, додека кај Македонија Исидора Котевска и Ива Велкова постигнаа по 4 голови.

На вториот натпревар од групата А Чешка ја победи Полска со 30:24.

Македонија утре (четврток) го игра дуелот од второто коло против селекцијата на Полска.

Следете нé на социјалните мрежи