Фудбалскиот клуб Вардар по долги години се враќа на европската сцена. Освојувањето на Купот на Македонија, на вардарци им донесоа настап во квалификациите за Конференциската лига.
Црвено-прните во првата елиминациска рунда ќе играа против екиата на Ла Фиорита од Сан Марино.
Првиот меч ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, во четврток 10 јули со почеток од 20 часот.
Од таборот на вардарци денеска информираа дека се пуштени во продажба карате за овој натпревар. Тие ќе може да се купат по цена од 100 и 300 денари на МкТикес (овде)
Потсетување, дека покрај Вардар, Македонија во ова натпреварување ќе ја претставуваат и екипите на Силекс и Работнички.





































