Од денеска до недела во салата „Парк“ во Струмица ќе се игра последниот, трет, турнир во Европската Златна лига.
Македонските одбојкари за противници ќе ги имаат селекциите на Израел и Црна Гора.
Натпреварите на кои ќе настапуваат Израел, ќе се играат зад затворени врати. Единствено дуелот Македонија – Црна Гора ќе биде отворен за публиката.
Таа вечерашниот меч Македонија – Израел, љубителите на одбојката ќе може да го гледаат низ ТВ пренос на МРТ3 или ОВДЕ (линк). Овој меч, како и останатите два ќе полнат во 20 часот.
Утре ќе играат Израел и Црна Гора, а в недела Македонија против Црна Гора.
Македонската одбојкарска селекција досега оствари само една победа над Летонија, а три пати беше поразена.

































