најдобрата женска одбојкарска репрезентација на Македонија, денеска ја очекува последниот меч во Европската Сребрената лига. За македонските одбојкарки тоа е второ учество во ова натпреварување.
Досега нашите одбојкарки славеа победи над Луксембург и Фарски Острови со 3:0, а со ист резултат беа поразени од Швајцарија и Австрија.
Третиот пораз беше вчерашниот од Израелките кои по голема борба беа подобри со 2:3 во сетови. Но, прикажаната игра влева голема надеж, дена македонските одбојкари денеска можат до нова, а вкупна трета победа.
Тие за противнички пред домашната, струмичката публика, ќе ја имаат селекцијата на
Грузија.
Натпреварот што ќе се игра во салата „парк“ во Струмица, ќе почне од 19 часот.

































