Двете наши најдобри одбојкарски репрезентации машката и женската имаат обврски во Европските Златна и Сребрена лига.

Машката репрезентацијата е во Рига, Летонија каде настапува на вториот од трите турнири во Златната лига.

По вчерашниот прв триумф во натпреварувањето, македонските одбојкари денеска ќе го играат вториот меч на овој турнир.

Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски, со триумфот над Летонија (3:2) сега со зголемена самодоверба ќе го играат мечот против Грција.

Подесување дека Грците се токму нашиот ривал во квалификациите за Европскиот шампионат, што ќе се играат во август. А, токму овие натпревари во Европската Златна лига се дел од подготовките за августовските мечеви.

Денешниот дуел меѓу Македонија и Грција ќе почне од 17 часот.

Следете нé на социјалните мрежи