Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија попладнево ќе го игра четвртиот натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026-та.
макеоднија гостува во Астана кај Казахстан во еден од двата натпревари од 4.кол,о на „Ј“ групата.
Македонија е во низа од девет натпревари без пораз, за последниот е пред една година во пријателскиот меч со Словачка. Црвено-жолтите сакаат да ја продолжат таа серија, и тоа со победа. Триумф над денешниот противник ќе ја одржи Македонија конкурентна во вториот дел од квалификациите, па можеби и до самиот крај.
Казахстан пред три дена немаше натпревар и можеше мирно да се подготвува за овој дуел. Казахстанците досега одиграа два натпревари и тоа на гостински терен. Првиот го загубија од Велс со 3-1, а во вториот славеа над Лихтенштајн со 2-0.
Со оваа селекција македонските фудбалери одиграа пријателски натпревар во Скопје пред 4 години, кој црвено-жолтите убедливо го добија со 4-0.
Селекторот Благоја Милевски поради суспензија, инструкциите до своите избраници и асистенти ќе ги проследува од трибините. Но, без разлика на тоа, македонските фудбалери се свесни дека ќе мора да одиграат уште еден максимално ангажиран натпревар за да ја остварат целта, победа.
Дуелот меѓу Казахстан и Македонија ќе се игра во попладневниот термин од 16 часот. Натпреварот ќе може да го гледате низ директен ТВ предност а програмите на МРТ, а заедно да уживаат и навиваат во Спорт Бар.
