Најдобрата машка одбојкарска селекција на Македонија викендов ќе игра воведните два меча во Златната Европска лига. За Македонија ова ќе биде трето учество во европското елитно натпреварување.

Избраниците на селекторот Јошко Миленковски се во Братислава , каде ќе ги играат дуелите со домаќинот Словачка и добриот познаник Финска.

Токму овие две селекции вчера го играат меѓусебниот дуел, а победи Финска со убедливи 3:0 во сетови. Црвено-жолтите на теренот во „Гопас“ арената ќе излезат денеска и утре.

Во првиот меч во (денеска) противник ќе биде токму Финска, а во недела Словачка. Двата натпревари ќе се играат во терминот од 15 часот.

На вторникот турнир во Летонија (13-15 јуни), Македонија ќе игра против Летонија и Грција која е и наш противник во квалификациите за ЕП .

Последниот трет турнир ќе се игра во Струмица (20-22јуни), а противници на нашите одбојкари ќе бидат Израел и Црна Гора.

Следете нé на социјалните мрежи