Распоред на натпреварите во ракометното првенство донесе во последното 10.то коло од плеј фот во Супер лигата да играа големите ривали Вардар и Еурофарм Пелистер. Тоа воедно е натпревар на кој ќе се решава шампионската титула за оваа сезона. Домаќинот Вардар е со предност, поради домашниот терен, но и од причина што со нерешен резултат ќе биде на првата позиција. За гостите од Битола тоа значи дека само победа е потребната опција.

Оваа сезона екипите одиграат веќе четири натпревари – три првенствени и финалето на Купот на Македонија минатиот викенд во Охрид на неутрален терен. „Црвено-црните“ победија на првиот дуел во Скопје со 27:24, а потоа на дуелот во Битола шампионот Е.Пелистер се радуваше на триумф од 35:33. На третиот дуел (втор во Битола) Вардар го направи посакуваниот „брејк“ со гол во последната секунда и славеше со 35:34. Со тоа практично ја анулираше предноста на битолчани, кои во плеј офот стартуваа со бод повеќе. Истиот број на бодови во моментов е од причина што Вардар одигра нерешено во Автокоманда со Алкалоид, а Е.Пелистер се радуваше на победа во средата на истиот терен. „Црвено-црните“ се израдуваа и на освојувањето на Купот на Македонија откако славеа победа пред шест дена со 31:27.

Но, она што може да биде дополнителна сигурност за домаќинот на денешниот дуел е сигурната игра и контролата над резултатот на последните два меѓусебни натпревара, додека гостите од Битола и актуелни шампиони ќе треба да одиграат на ниво на некои од натпреварите оваа година од Лигата на шампионите, доколку сакаат одбрана на титулата.

Почетокот на натпреварот е во 19:30 часот, се игра во СЦ „Јане Сандански“, а судии се Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Вардар во својата историја има 15 титули шампион на Македонија последната 2022 година, додека Е.Пелистер има 8 титули и е актуелен првак. Металург има шест титули, а Борец и Преспа по 1.

Инаку, вечерва од 20 часот во Охрид се игра и дуелот за четвртото место и пласман во европскиот куп меѓу Охрид и Тиквеш. Двете екипи имаат по 5 бодови на табелата, а охриѓани имаат предност поради подобриот меѓусебен скор (две победи и нерешен резултат), доколку дуелот заврши нерешено.

Третиот натпревар од Супер лигата од плеј офот ќе се игра недела (утре) меѓу Бутел и Алкалоид со почеток во 17 часот.

Во плеј аут лигата денеска напладне се играат последните два дуела Прилеп – Струга и Пролет – Радовиш, додека екипата на МРК Куманово е слободна.